Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

Андоновски: За една и пол година е дуплиран бројот на корисници на националниот портал – uslugi.gov.mk

За само осумнаесет месеци двојно е зголемен бројот на корисниците на е-услугите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За само осумнаесет месеци двојно е зголемен бројот на корисниците на е-услугите во земјава, и сега тој изнесува 240.000 граѓани, а отворени се и вкупно 13 центри ширум државата. Во моментов, интересот е најголем за студентските ваучери за електронски уреди, но граѓаните по електронски пат вадат и разни дозволи, уверенија, па сè до лични документи. Довербата во овие системи постојано се зголемува и кај повозрасните граѓани, најмногу поради брзината со која се доаѓа до потребните документи, уверува ресорниот министер Стефан Андоновски.

„Мислам дека граѓаните го препознаваат порталот, дека на едно место можат брзо, без да бараат некому да му платат мито, без да чекаат во редови, без да ‘бркаат’ врски, да си ја завршат брзо работата, и 120.000 наши сограѓани во една година го забележаа и препознаа тоа. Во секој случај, се согласувам дека треба да работиме уште повеќе на доедукација и промоција на нашите сограѓани кои можеби не користат дигитални алатки. Затоа тука се Центрите за услуги – имавме пет, отворивме уште вкупно осум и сега имаме 13 во целата држава, кои служат како мост помеѓу Порталот и граѓаните кои можеби не користат електронски услуги“, вели Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Општина Битола е една од општините што се најактивни во оваа сфера. Речиси сите општински услуги битолчани можат да ги добијат по електронски пат и за многу пократко време отколку во досегашната „хартиена“ верзија.

Реклама

„Дел од активностите што ги имаме се во ГИС-системот, информатички систем кој ги дава услугите во градежништвото, урбанистички планови итн., и ДМС-системот кој го воведовме и сè уште го храниме со информации. Фактички, сето она што влегува како барање од граѓаните мора да помине низ тој систем – било да е меѓусебна комуникација помеѓу вработените, помеѓу секторите во општината – и буквално нема зафрлен предмет и го нема она од што најмногу се плашат граѓаните: предмет во фиока“, потенцираше Тони Коњановски, градоначалник на Битола.

Овие современи услуги од Националниот портал uslugi.gov.mk денеска беа промовирани во Битола, во присуство на министерот Андоновски, кој за скоро време најави воведување на вакви услуги и од Фондот за здравство, како и од Министерството за земјоделство, за кои, тој е уверен дека ќе бидат новиот е-хит.