Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Економија

Андоновски: Владиниот Центар за одговор на кибер инциденти стана полноправна членка на FIRST – Forum of Incident Response and Security Teams

Убави вести денеска од САД – силна потврда за напредокот на Македонија во кибер безбедноста. Владиниот Центар за одговот на кибер инциденти (MKD-GOV-CSIRT) е примен како полноправна членка на FIRST – Forum of Incident Response and Security Teams, глобална мрежа на тимови за одговор на компјутерски безбедносни инциденти, објави на Фејсбук министерот за дигитална трансформација, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Убави вести денеска од САД – силна потврда за напредокот на Македонија во кибер безбедноста. Владиниот Центар за одговот на кибер инциденти (MKD-GOV-CSIRT) е примен како полноправна членка на FIRST – Forum of Incident Response and Security Teams, глобална мрежа на тимови за одговор на компјутерски безбедносни инциденти, објави на Фејсбук министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Особено е важно, додаде министерот, дека овој чекор се прави со домашни човечки и инфраструктурни ресурси од Министерството за дигитална трансформација и Секторот за кибер безбедност, со стручна и техничка поддршка од нашите пријатели од САД и ЕУ.

-За Македонија ова е важен чекор во градењето посилен, професионален и европски систем за кибер отпорност. Ова членство значи поголема меѓународна доверба, побрза размена на информации, пристап до експертиза и подобра координација при справување со сајбер закани. Со ова, завршуваме уште еден чекор од Реформската агенда со рок 30 јуни 2026 година и отклучуваме нови средства од Планот за раст – нагласи Андоновски.

Реклама

Министерот истакна дека продолжуваме да инвестираат во капацитетите на службите за одговор на кибер инциденти, во заштитата на институциите и во безбедноста на дигиталните услуги за граѓаните и компаниите.