Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Андоновски: Министерството за дигитална трансформација е предводник на процесот на усогласување со Реформската агенда, нотирано и од ЕК

Министерството за дигитална трансформација е предводник на процесот на усогласување со Реформската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за дигитална трансформација е предводник на процесот на усогласување со Реформската агенда, нотирано и од Европскиот извештај, истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на денешната панел-дискусија во Стопанската комора на тема „Планот за раст за Западен Балкан и националната Реформска агенда – зошто се важни за бизнис секторот?“.

Во своето обраќање, министерот Андоновски, истакна дека токму дигиталните реформи придонесоа Македонија да ги исполни обврските во првиот пакет на Реформската агенда.

Андоновски ја нагласи оценката од Европската комисија, според која државата постигнала „видлив и мерлив напредок во сајбер-безбедноста, дигиталните услуги и интероперабилноста“, а Министерството за дигитална трансформација е препознаено како институција која „обезбедува стабилна основа за брза и координирана имплементација на европските стандарди“.

Реклама

Тој потсети дека во изминатата година Министерството ги реализираше реформите што беа предуслов за отворање на нов финансиски простор од Планот за раст, меѓу кои: Законот за безбедност на мрежи и информациски системи, усогласен со NIS2; Законот за електронска архива, Законот за електронска идентификација и унапредувања на Националната платформа за интероперабилност; како и нови дигитални услуги преку порталот uslugi.gov.mk.

Министерот посочи дека овие резултати не се административни чекори, туку конкретни подобрувања кои го намалуваат административниот товар за компаниите, ги скратуваат процедурите и создаваат повисоко ниво на предвидливост во деловното опкружување.

-Нашата цел е да создадеме дигитална држава што им овозможува на компаниите да работат поефикасно, со пониски трошоци и со услови што се приближуваат до европскиот единствен пазар, изјави Андоновски.

Министерот посочи дека Планот за раст на Западен Балкан носи можности за подлабока економска интеграција, а дигиталната компонента е една од клучните.

Министерството за дигитална трансформација, како што е наведено во соопштението, веќе работи на засилена интероперабилност, вклучување во регионални дигитални инфраструктури и суперкомпјутерски капацитети, поддршка на МСП преку Европскиот дигитален иновациски хаб INNOFEIT EDIH, како и развој на Националниот центар за вештачка интелигенција „Везилка“.

Настанот го организираше Стопанската комора, а на панелот учествуваа претставници од бизнис секторот, граѓанскиот сектор, Министерството за европски прашања и Министерството за дигитална трансформација.