Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Анализа „Ефикасност на јавната потрошувачка“: промени за поголема ефикасност на капиталните расходи и субвенциите во земјоделството

Да се промени структурата на капиталните расходи и да се работи на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да се промени структурата на капиталните расходи и да се работи на обуки за подобрување на капацитетот на администрацијата за нивна реализација, да се направат промени кај системот за субвенциите во земјоделството, администрацијата да се оспособи за механизмот на јавно-приватното партнерство.

Тоа се дел од препораките изнесени денеска на презентацијата „Ефикасност на јавната потрошувачка (Капитални расходи и земјоделски субвенции)“ во рамките на стручната расправа „Ефикасноста на јавните финансии и улогата на фискалните правила во Македонија“, што се одржа во Македонската академија на науките и уметностите, во организација на Фискалниот совет. 

– Генерално, Македонија има ниски нестабилни фискални мултипликатори, што значи манифестираме релативно слаба ефикасност, особено кај одделна категорија јавна потрошувачка, при што особено загрижуваат состојбите во капиталните расходи – рече на презентацијата академик Таки Фити.

Реклама

Фити посочи дека структурата на капиталните расходи кај нас „е малку невообичаена“ и содржи, меѓу другото, и непродуктивни категории, како згради, мебел, автомобили, итн., како и дека е слаб капацитетот на јавната администрација на централно и на локално ниво за реализација на капиталните расходи.

Клучен проблем, посочи тој, е што честопати имаме неквалитетни физибилити-студии, сериозни грешки во проектирањето кај трасите за патната инфраструктура, има состојби и кај имотноправните односи, имаме и висока увозна зависност. Добар дел од импутите од влезовите за реализација на јавните инвестиции доаѓат од странство, што значи дека и самите завршуваат во странство наместо да се ефектуираат дома. Имаме честопати нетранспарентност, нагласена коруптивна активност. Ваквите резултати, вели Фити, воопшто не се аргумент дека треба да ги намалуваме капиталните инвестиции, напротив, потенцира, нивното релативно учество во буџетот треба да се зголемува со тек на време бидејќи во основа тие се позитивно поврзани со економскиот раст доколку се добро структуирани и доколку се имплементираат ефикасно.  

Посочувајќи дека субвенциите во земјоделството апсорбираат многу високи буџетски средства, кои се мерат во милиони евра, рече дека анализата покажува оти тие големи милиони покажуваат слаби незначајни ефекти кај растителното производство.

– И без овие показатели знаеме дека нашето земјоделско производство се намалува, а увозот постојано расте, што значи нешто не е во ред со системот. Нивните ефекти, пак, врз БДП се позитивни, не се многу високи вредностите, под еден се, но се позитивни. Квалитативната анализа покажува дека добар дел од тие субвенции не се користи секогаш во земјоделството и се прелева во личната потрошувачка на оние што ги добиваат. Резултатите од субвенците се слаби затоа што имаме апсурден систем, даваме субвенции на засеани поврзишни и тоа го нема никаде во светот. Не се дава на засеани површини, туку на аутпутот. Науката одамна укажува на овие апсурди, но недоамна го слушав и министерот за земјоделство, кој кажува дека тука имаме сериозни проблеми и оти треба системот да се менува. Треба да се истражи и каде завршуваат субвенциите – рече Фити.