Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Струшките вечери на поезијата пред укинување: Силјановска – Шокантно е институцијата да се сведе на одделение

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Македонија

Аналитичари: Главна цел на посетата на Фон Дер Лајен се уставните измени – невозможна мисија со оглед на ставот на Мицкоски

Не случајно посетата на Западен Балкан на Урсула Фон Дер Лајен почнува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не случајно посетата на Западен Балкан на Урсула Фон Дер Лајен почнува од Македонија. Претседателката на Европската Комисија доаѓа со јасна намера која значи нов притисок за отворање на Уставот и внесување на бугарското малцинство. Поранешниот амбасадор Ристо Никовски за Алфа вели дека клучниот проблем на Македонија не е дали и кога ќе ги отпочнеме преговорите со Унијата, туку самата преговарачка рамка која не присилува да се откажеме од македонскиот идентитет и дека тој постоел од 1945-тата година.

  • Не може да се каже дека доаѓа за македонските интеграции во ЕУ, бидејќи таа доаѓа со многу јасна задача да не присили да капитулираме со промената на Уставот. Во дипломатијата кога некој висок политичар, оди на турнеја, на земјата на која прва ја посетува и прави на некој начин  чест. И затоа Македонија воопшто не е случајно избрана, бидејќи таа има мисија со која треба да не присили нас, на работи кои се апсолутно не прифатливи. Мислам и дека оди во други земји намерата и е да прикрие причината за сегашната посета а тоа е на еден агресивен начин што е надвор од сите принципи и вредности на Унијата, а тоа е да натераат една земја да го менува својот Устав за едно малцинство кое не постои.  Категорично ви тврдам дека со оваа преговарачка рамка никогаш нема да влеземе во ЕУ“ вели Ристо Никовски, поранешен амбасадор.

Поранешниот амбасадор вели дека главна тема на македонските власти во преговорите со Фон Дер Лајен мора да биде – како да се дојде до нова преговарачка рамка..

  • Тоа е неприфатливо за Унијата, уште помалку за Вашингтон кој што ги држи конците, и единствен начин Македонија да го отвори својот пат кон Брисел е да се откаже договорот за „непријателство“ со Бугарија и особено двата катастрофални проколи и да се отпочне нова процедура за наше приближување до Брисел“ вели Никовски.

Според екс-амбасадорот Јован Донев, Фон Дер Лајен доаѓа и за да ги најави извештаите на ЕК за напредокот на земјите кандидати за членство во ЕУ, чие објавување е предвидено за 8 ноември, Од друга страна вели дека со самото тоа што претседателката на Европската Комисија нема да има средба со опозицискиот лидер, јасно става до знаење дека и во Брисел се јасни ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени.

Реклама
  • „Тие знаат дека штом немаат средба со лидерот на опозицијата, тоа е јасно, ги знаат ставовите на опозицијата, ја знаат состојбата така што нема… Да она ќе зборува сигурно за да не се испушти моментот за да се донесат уставните измени“ вели Донев.

Во пресрет на 4-дневната посета на Западен Балкан на Фон Дер Лајен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, очекува ЕК да излезе со позиција за безусловен старт на преговори за земјава, како што било пракса за сите земји членки досега. Фон дер Лајен од Скопје ќе отпатува за Приштина, а потоа ќе ги посети Подгорица, Белград и Сараево. Посетата, како што е најавено, ќе ја искористи да разговара за билатералната соработка со регионалните лидери и за подетално да им го претстави Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан.