Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Свет

Американските гласачи со поделени мислења за одлуката на Бајден да остане во претседателската трка

Од кампањата на Бајден се противат дека нивниот кандидат треба да се повлече…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од кампањата на Бајден се противат дека нивниот кандидат треба да се повлече по првата неуспешна дебата, но и дека се веќе вложени 50 милиони долари за медиумски реклами, но и агресивниот распоред кој го има кампањата.

Бајден на митингот во Висконсин рече дека останува во трката. Граѓаните велат дека тој сè уште е остварлив кандидат.

„Треба да биде доследен. Треба да биде, нема да речам пркосен, но некаде помеѓу доследен и пркосен, тој треба да им даде до знаење на луѓето, и тоа го направи денес, кажа дека нема да се повлече. Освен ако нешто драматично не се промени. Тој е правиот човек за мене“, вели Сабрина Џордан од Висконсин.

Реклама

Други пак не се толку сигурни.

„Физиологијата што ја покажа, тој не е истиот човек. Не можете да се вратите назад. Не стануваме помлади. Не можете да ја победите староста“, вели Џонатан Лустаг од Висконсин.

Враќањето на Бајден повторно во кампањата по дебатата не ја намалува загриженоста на некои гласачи.

„Не се чувствувам сигурна во способноста на Џо Бајден да победи на овие избори и тоа ме плаши“, вели Елис Џонстон од Минесота.

За приврзаниците на Трамп, дебатата на Бајден, го потврди нивното очекување дека тој не е погоден за уште еден мандат.

„Нема ништо што може да излезе од устата на Џо Бајден за да ме натера да мислам на нешто друго освен она што тој веќе ми го покажал. Исто и за Трамп“, вели Ламонт Пирсон од Калифорнија.

Дебатниот настап на Бајден не е целата слика, велат гласачите.

„Мислам дека Џо Бајден е многу страстен и многу интелигентен. Мислам дека не се претстави добро, бидејќи не ги исполни очекувањата, а неговиот настап беше она што луѓето го очекуваа од него“, вели Џефри Танарели од Џорџија.

Тој недостиг на енергија остава простор за нов кандидат.

„Ми беше јасно дека можеби Бајден не е како порано. Мислам дека би поддржала нов кандидат наместо Бајден“, вели Хана Соболевич од Вашингтон.

Ако демократите сакаат да имаат поинаков кандидат, тие треба брзо да реагираат, велат граѓаните.

„Има толку многу што треба да се направи во текот на следниот месец околу тоа што би можела да направи Демократската партија за да ја врати целата нејзина разнишана база во својата срж и да се надеваме дека ќе успее во тоа пред ноември, во спротивно Трамп ќе дојде на власт“, вели Лексис Зејдан од Мичиген.

Потпретседателката на САД и можна кандидатка Камала Харис ќе биде на врвот на листата за да го замени Бајден во партијата. Но, тоа можеби нема да успее, велат граѓаните.

„Камала би била добра замена, јас би сакала тоа да се случи. Но, исто така, мислам дека светот е таков каков што е, сите предрасуди што се случуваат е тоа дека Трамп веројатно ќе ја победи Камала отколку што ќе го победи Бајден“, вели Стефани Бауерс од Калифорнија.

Бајден и првата дама Џил Бајден ќе продолжат со својата агенда и наредната недела но, и противкандидатот Трамп кој треба да има конвенција на Републиканската партија и официјално да биде номиниран од страна на републиканците.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон