Војската на Соединетите Американски Држави објави дека ноќеска извршила нов напад на брод во источниот дел од Тихиот Океан, при што се убиени две лица.
Нападот бил извршен врз брод кој се движел по позната рута што се користи за шверц на наркотици во Пацификот. Војската на САД објави и видео од моментот кога бродот е погоден од проектил истрелан од американските сили.
Досега, најмалку 121 лице се убиени во американските напади врз бродови за кои постојат сомнежи дека се користат за транспорт на дрога преку источниот дел на Пацификот. Станува збор за таканаречената операција „Јужно копје“, за која администрацијата на претседателот Трамп вели дека има за цел да го запре шверцот на наркотици.
