Реклама
Македонија

Амбасадорот на Казахстан во посета на Дебар

Амбасадорот на Казахстан, Сатибалди Буршаков, вчера попладне бил во посета на Дебар,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадорот на Казахстан, Сатибалди Буршаков, вчера попладне бил во посета на Дебар, при што имал средба со градоначалникот Фисник Меља. 

На средбата се разговарало за зајакнување на пријателските односи и и за можностите за соработка во области од заеднички интерес, вклучувајќи го економскиот развој, културата и туризмот.

Градоначалникот Мела му се заблагодарил на амбасадорот Буршаков за посетата и изразил подготвеност за градење мостови на соработка и промоција на потенцијалите на градот на меѓународно ниво. 

Реклама

– Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, потврдувајќи ја заедничката посветеност за зајакнување на односите и меѓуинституционалната соработка, стои во соопштението од Кабинетот на градоначалникот Меља.

По средбата, двајцата ја посетиле Инќар џамијата, Градскиот музеј и бањскиот локалитет во Бањиште.