Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер во работна посета на Неготино 

Амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер попладнево беше во работна посета на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер попладнево беше во работна посета на Неготино. Задоволство од средбата, изрази новата градоначалничка на оваа општина, Марија Нацева, на Фејсбук. 

– За амбасадорот „Неготино е главен град“,  алудирајќи на фактот што токму во нашиот град е отворена првата билингвална паралелка на француски јазик и нашиот град има посебно место и посебни врски во делот на соработката со Амбасадата на Франција. Како градоначалнчка на општина Неготино дадов ветување дека заедно со одговорните во СОУ „Свети Кирил и Методиј“ правиме и ќе продолжиме со поддршката за учениците кои имаат афинитети за изучување на францускиот јазик и негово подигнување на уште повисоко ниво, сподели таа. 

Притоа го информирала амбасадорот за приоритетите во нејзиниот мандат, меѓу кои се изградба на патна и комунална инфраструктура, реконструкција на градскиот плоштад, реконструкција на УЗ 8.1, нова противпожарна станица, реконструкција на старата социјална зграда и нејзина пренамена, како и модернизација на општина Неготино.

Реклама

– Во делот на развојот на индустриските зони и можноста за инвестирање, амбасадорот Ле Риголер најави потенцијален интерес за инвестирање  во нашата општина од инвеститори од Република Франција, напиша Нацева.