Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Алиу: Предлог-законот го регулира пушењето на отворен јавен простор на кој има присуство на повеќе луѓе

Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидено е негово регулирање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидено е негово регулирање на отворени јавни простори, каде што има присуство или движење на повеќе луѓе. Поконкретно, станува збор за простор околу здравствени, образовни и социјални установи, јавни настани, спортски и културни настани, како и места наменети за деца, млади и семејства. Ова е особено важен аспект од законската рамка имајќи предвид дека кога луѓето се блиску, чадот и аеросолот директно се вдишуваат, а изложеноста е непосредна – потенцира министерот за здравство, Азир Алиу.

Според него, на јавни отворени простори граѓаните немаат реален избор да се оддалечат, а особено децата, постарите и хронично болните. Законот, вели Алиу, интервенира само онаму каде што постои неизбежна изложеност на други лица, со цел јавниот простор да биде здрав простор за сите.

– Посебен акцент е ставен нa локациите на кои луѓето не може реално да избегнат изложеност на чадот од цигари, како, на пример, при чекање во ред, простори на отворено, каде што се престојува подолго, и други јавни собири на отворено. За илустрација, луѓето што чекаат во редица за да купат билет за влез во установа од областа на културата или за влез на спортски натпревар, реално не може да избегнат изложеност на чад од цигари. Целта на предлог-законот е да се заштити здравјето на оваа категорија население – вели Алиу во пишаната изјава до медиумите.

Реклама

Исто така, во делот на регулирање на пушењето на отворени јавни простори, особено е ограничено пушењето на места наменети за деца, млади и семејства, како, на пример, пред детските игротеки, каде што најмладите не би можеле да избегнат изложеност на чад од цигарите.

– Отворен простор не значи автоматски безбеден простор доколку тој е функционално ограничен или кога луѓето се наоѓаат на мало растојание и се директно изложени на чад од цигари. Токму затоа ова е еден од клучните аспекти на законската рамка за заштита на здравјето на населението, а особено на најмладите – појаснува министерот Алиу.