Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Алиу: Отворен Центар за третман на дебелина кај децата на Детската клиника – мултидисциплинарен тим заеднички ќе работи со децата и нивните семејства

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за детски болести, каде што е отворен Центар за менаџирање и третман на обезност, односно дебелина кај децата. Потребата од ваков специјализиран центар е резултат на податоците од Институтот за јавно здравје и Клиниката за детски болести, според кои над 30 отсто од децата на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за детски болести, каде што е отворен Центар за менаџирање и третман на обезност, односно дебелина кај децата. Потребата од ваков специјализиран центар е резултат на податоците од Институтот за јавно здравје и Клиниката за детски болести, според кои над 30 отсто од децата на возраст од шест до девет години во Македонија се со зголемена телесна тежина, а речиси 14 проценти од нив се соочуваат со екстремна дебелина.

– Отворањето на овој центар претставува исклучително важен и долгоочекуван чекор во нашиот здравствен систем. Детската дебелина не е само естетски или нутриционистички проблем, туку комплексна состојба, која бара ран и мултидисциплинарен пристап. Затоа овој центар овозможува тим од педијатри ендокринолози, нутриционисти, психолози и физијатри заеднички да работат со децата и со нивните семејства. Како и кај другите центри за менаџирање со дебелина во државата, пристапот до услугите се одвива преку системот „Мој термин“. Матичниот лекар или матичниот педијатар првин ја евидентира состојбата и доколку има потреба од специјалистички третман, издава упат директно за Одделот за ендокринологија со молекуларно-генетска дијагностика, во чиј состав е и Центарот на Детската клиника. Таму се спроведуваат детални молекуларно-генетски, хормонални и метаболистички испитувања за да се утврди точната причина за обезноста и да се одреди индивидуален план за лекување – појаснува министерот Алиу.

Навремениот третман на дебелината кај децата спречува појава на сериозни здравствени проблеми во тинејџерските години и во подоцнежна возраст, како што се дијабетес тип 2, кој сè почесто се јавува кај децата, кардиоваскуларни нарушувања и висок крвен притисок, ортопедски проблеми, односно деформации на зглобовите и колената, како и психолошки проблеми, социјална изолација и стигматизација.