Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Прилози

🎥 Алиу оптимист дека за брзо ќе се реши статусот на договорците во здравството

Промена на власт и министри и административни лавиринти ги кочат вработувањата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Промена на власт и министри и административни лавиринти ги кочат вработувањата на околу 1.100 луѓе ангажирани со договор на дело во здравството. И по повеќе од 10 години работа на неопределено, медицински сестри болничари и техничари се уште се борат со административни процедури за конечно да добијат трајно вработување. Министерот за здравство Алиу е оптимист дека постапката за вработувања на здравствените работници за брзо ќе се реши.

Да во неколку здравствени институции едни од нив се 8-ми септември и болницата во Тетово, точно е, таму имаме жалби и мора тие да ги поминат сите административни процедури за да може да се потпишат договорите со веќе пријавените.А дали сум оптимист дека во мојот мандат ќе завршат  овие работи….

И додека здравствените власти го забрзуваат процесот на нови вработувања во болниците и клиниките, во струшката болница, четириесет и две годишен лекар, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца открива МВР. Против лекарот има и кривична пријава… министерот Алиу се сомнева дека ова не е единствен таков случај, и според него тоа е пропуст на системот во Македонија кој што не дава точни резултати и не дозволува да се увиди точната и прецизна бројка на лекари.

Реклама

Според МВР, повеќе од 5 години, почнувајќи од 2019 година, лекарот не се појавувал на работа, не ги известил надлежните дека му прекинат специјалистичкиот стаж, а од 2020 година работел и без лиценца од Лекарската комора,а со неговото дејствие буџетот на болницата бил оштетен за повеќе од 30 илјади евра.