Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Алиу: Министерството за здравство нема да дозволи ниту еден пациент со ретка болест да чека ниту ден за лекови

По повод Меѓународниот ден на ретките болести – 28 Февруари и завршувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Меѓународниот ден на ретките болести – 28 Февруари и завршувањето на осмата сезона на проектот „Ги запознаваме ретките болести“, чија цел е подигнување на јавната свест за предизвиците со кои се соочуваат пациентите со ретка болест и нивните семејства, министерот за здравство Азир Алиу порача дека Министерството за здравство нема да дозволи ниту еден пациент со ретка болест да чека ниту ден за лекови.

Тој посочи дека е сменета процедурата како да се стигне до  лековите за пациентите со ретка болест и оти постапката ќе биде тригодишна.

-Првпат во нашата држава отвораме тригодишна постапка. Секоја година пациентите со ретка болест со задоцнување ги добиваа лековите или, за жал, чекаа по една недела или еден месец. Земајќи го предвид моментот дека пациентите се млади, а лековите се поврзуваат со тежината на пациентот, многу тешко е  да се направи анализа која ќе биде точна за бројот на пациенти што ќе  бидат опслужени  во текот на целата година. За таа цел, методологијата се смени и сега веќе отвораме постапка за три години. Во случај ако се трошат повеќе од количините што ги има државата, ние да имаме време да отвориме друга постапка, се со цел граѓаните да ги добиваат лековите навреме. Тендерската постапка ќе биде за три години, односно ќе се користат толку количини за колку што имаме потреба во државата, посочи Алиу. 

Реклама

Тој порача оваа категорија граѓани и нивните семејства да бидат спокојни затоа што државата и Министерството за здравство, како што вели, нема да дозволат ниеден од нашите пациенти со ретки болести да чекаат ниту еден ден за лекови.