Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Алфа дознава: Македонска нафтена компанија може да остане без лиценца поради малверзации со празни резервоари

Поради немање доволно резерви на нафта и празни резервоари, една компанија може…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради немање доволно резерви на нафта и празни резервоари, една компанија може да остане без лиценцата за работа. Други две се тргнати по истиот пат, откако кај нив се утврдени и други пропусти, освен недостаток на нафтени резерви. Ваква фактичка состојба утврдиле инспектори од повеќе институции, дознава ТВ Алфа.

Од Регулаторна, која е надлежно тело, потврдуваат дека течат роковите за одземање на дозволата на компанијата, по пријава од вонреден инспекциски надзор од Државниот пазарен инспекторат. Но засега не откриваат податоци точно за кој ланец на бензински пумпи се работи.

Согласно член 50 став (2) од Законот за енергетика* и член 30 став (2) од Правилникот за лиценци (кој важеше до стапување во сила на новиот правилник), друштвото е задолжено во рок од седум дена од добивање на известувањето да се произнесе во врска со настанатите причини за одземање на лиценцата и начинот на пресметка на оперативните резерви. По истекот на оставениот рок, а земајќи го предвид произнесувањето на друштвото, РКЕ ќе постапи во рамките на надлежностите утврдени во Законот за енергетика, стои во одговорот на Регулаторната комисија.

Реклама

Според информациите на Алфа, надлежните се очекува до регулаторите да достават уште две пријави за останатите компании кај кои биле затекнати повеќе неправилности по почетокот на војната во Иран и очекуваното поскапување на нафтата.

Претходно, на почетокот на годината, помал трговец со нафтени деривати бил затворен поради низа пропусти.

Според потпишаниот меморандум за соработка помеѓу ДПИ и Регулаторна, инспекторатот активно учествува и доставува предлози за одземање или доделување лиценци.

Инспекторите се на терен, информираат од Пазарна. Прават надзори за спречување на недостаток на нафтени деривати на бензинските станици. Се контролира и дали има злоупотреби од страна на компаниите за богатење во време на криза.