Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Прилози

🎥 Алфа анкета: Прилепчани повеќе сакаат проверени и политички докажани луѓе, а не нови имиња пријавени како независни

Одлуката на ДИК со само два граѓански потписи секој граѓанин да има…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одлуката на ДИК со само два граѓански потписи секој граѓанин да има право да се кандидира за градоначалник, го подели јавното мислење. Кај повеќето, предизвикувајќи дури и потсмев. Најчестите коментари на граѓаните се дека постоењето на демократијата е во ред, но не на овој начин, бидејќи градоначалничката функција е и премногу сериозна работа, а со ваквите правила на игра, едноставно како да се девалвира, велат тие,

   „Не – независни, зошто независни? Не сум за независни кандидати, овие што сега се пријавуваат со потписи…Не е во ред, не би го прифатил, јас не би го прифатил тоа“, – вели анкетриран граѓанин.

   „Не може тоа да биде. Не е издржано тоа со два потписи. Тоа е како без ич, одиш, се пријавуваш. Не може тоа. Ако сакаме успех и напредок мораме да најдеме човек навистина што одговара“– кажа друг.

Реклама

   Како пример, во општина Прилеп, за само два-три дена, по социјалните мрежи веќе се појавија две имиња на можни независни кандидатки за градоначалнички. А колкава ќе биде конечната листа, само, може само да се претпостави. Граѓаните велат дека донекаде е добро што им се дава можност да имаат поширок избор, но сепак, повеќето се за веќе докажани личности, отколку за кандидати кои допрва ќе „вежбаат“ политика, бидејќи на градот итно му требало рестарт.

   „Ни требаат луѓе кои веќе биле, кои знаат што му треба на градов да се направи, а не од улица викнат некој, па ќе го учиме допрва – ова да биде, она да биде. Проверен човек и зборот, збор да биде, а не само да кажува прикаски“, – анкетиран граѓанин.

   „Имаме ние многу јаки луѓе, доктори на наука, магистри, што можат да дојдат да ја водат оваа држава, да цвета, ама нејќат да се охрабрат да одат на избори, им е страв“, – анкетиран граѓанин.

 Во Прилеп, засега официјално е потврдена само кандидатурата за предлогот од СДСМ, Петра Лукароска, која е и актуелна претседателка на прилепската ОО на оваа политичка партија. Таа својата кандидатура ја објави уште на 18 јули.

Додека од независните, својата кандидатура за градоначалничка на личниот профил на фб, пред два ја објави дипломираната економистка Павлинче Матеска, вработена во ЛС во Секторот за финансии. А деновиве на социјалните мрежи се појави и трето име, на извесна локална бизнисменка, како што напишала самата во својата објава. Од владеачката партија пак, во Прилеп, се’ уште нема официјално објавено кандидат за градоначалник, иако во јавноста подолго време се вртат имињата на еден поранешен градоначалник, и на актуелниот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, во меѓувреме течат роковите за пријавување кои ќе траат 15 дена, почнувајќи од 18 август.  Од вчера пак, започнаа да течат и роковите за увид на граѓаните во Избирачкиот список. А за престојните локални избори, ОИК од Прилеп ќе работи во нови простории, сместени во ЦК „Марко Цепенков“, наместо во досегашните кои се наоѓаа во старата општинска зграда.