Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Дрва за огрев, ракија, зимница – штипјани мета на крадци сред бел ден

Во секојдневен страв, вака живеат околу двесте семејства на штипската улица Солунска.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во секојдневен страв, вака живеат околу двесте семејства на штипската улица Солунска. За да се заштитат од крадци, нивните домови буквално ги имат претворено во кафези. Високи огради, решетки на прозорците и вратите,видео надзор, кучиња во секој двор. Велат, заложници се во сопствените домови. Дрските крадци не го бираат пленот. Се крадат дрва за огрев, ракија, зимница, а во сред пладне украле и влезна врата.

   “ Во сред пладне, околу 17часот. Дошле ја извадиле вратата и ја однеле“ се жали Драги Павловски, жител на Солунска

“Само што си ја сварив ракијата, околу 60литра ракија целата ми ја зедоа, па и акумулаторот. На камерата се гледа кој е. Пријавивме во полиција, ми рекоа ништо не можат да направат, бидејќи биле гласачко тело“ се жали Трајче Наумов, жител на улицата Солунска Во штип.

Реклама

Нема живот,реагира и Коце Трајчев, кај кој крадците влегле минимум пет пати и му однеле пари, златен накит и покуќнина.

  “На секое лаење на кучето стануваме. Право да ви кажам позади вратата чувам шипки, за недај боже да се одбраниме. И на судот кажав јас морам да се вооружам“ објаснува Трајчев.

 Дека работите се излезени од контрола, посочи и штипскиот градоначалник кој денеска со жителите на улица “Солунска“ ја сподели грижата од зачестените кражби. Тие од него, побараа  кај надлежните да лобира за зачестени полициски контроли. 

  “По наша иницијатива најдобро е доколку во близина би имало пункт, со 24часовна патрола на СВР-Штип за да ние се чувствуваме побезбедно“ , изјави Боби Митрев, жител на улица Солунска. 

   Изјава-Иван Јорданов-градоначалник на Штип

“Често сме комуницирале со надлежните институции на оваа тема, но искрено ова го говорам не гледам заинтересираност од страна на институциите кои се надлежни. Еве конкретно ќе дадам пример, началникот на СВР-Штип досега не покренал иницијатива за решавање на проблемот, иако е под негова надлежност“ изјави градоначалникот Иван Јорданов.

Граѓаните се децидни, доколку полицијата не преземе ништо и бројот на кражби и понатаму расте, тие сами ќе се организираат, а ќе бидат приморани да преземат и радикални мерки, за мирот повторно си го вратат.

Александра Ристеска