Реклама

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Македонија

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов се нови пратеници во македонското Собрание

До почетокот на наредната недела ќе биде комплетиран парламентарниот состав по изборот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До почетокот на наредната недела ќе биде комплетиран парламентарниот состав по изборот на неколку пратеници за градоначалници на локалните избори одржани на 19 октомври и 2 ноември. Собраниската Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на денешната седница ги констатира мандатите на новите тројца пратеници Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов. Стојановски доаѓа на местото на Игор Никовски, кој претходно ја известил ДИК дека не го прифаќа мандатот.

Тие доаѓаат на местото на Бети Стаменкоска-Трајкоска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои беа избрани за градоначалници на Кисела Вода, Сопиште и Прилеп.

Верифицирањето на мандатите на новите тројца пратеници треба да помине на наредната прва пленарна седница на Собранието, која, како што информира спикерот Африм Гаши на неделниот брифинг со новинарите, се очекува да се одржува на 10 или 11 ноември.

Реклама

-Државната изборна комисија врз основа на спроведената постапка, констатира дека пратеници во Собранието на Република Македонија за остатокот од мандатот согласно член 153 став 1 и член 153-а став 1 од Изборниот законик стануваат Александра Николовска од листата на кандидати за пратеници во Собранието за Изборна единица 1, Мартин Стојановски од Изборна единица 1 и Мито Андонов од Изборна единица 4. Државната изборна комисија, согласно член 31 став 2 точка 23 од Изборниот законик издаде уверение за избрани пратеници во Собранието на Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов.

ДИК на седницата одржана на 03.11.2025 година го усвои Извештајот и заклучи истиот да се достави до Собранието на Република Македонија, истакна на денешната седница собраниската комисија потпретседателот на ДИК, Абдуш Демири.