Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Александар Анѓушев од Коалицијата за зелена иднина: Помош за набавка на лекови за постари лица во Карпош

Носителот на листата за советници на Коалицијата за зелена иднина во Општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Носителот на листата за советници на Коалицијата за зелена иднина во Општина Карпош и копретседател на зелената партија ДОМ, Александар Анѓушев, во видео обраќање заборува за воведување на брз и фер систем на локална поддршка што ќе им служи на граѓаните секој ден, а не само пред избори, стои во соопштението на Демократска обнова на Македонија.

„Карпош мора да биде општина за живеење, не за преживување. Политиката има смисла само кога стои до човекот во секојдневието, а не само пред избори,“ изјави Анѓушев, додавајќи дека позицијата на коалицијата е хумана локална грижа како политички принцип, не како привилегија за одбрани.

Како клучен инструмент, Анѓушев го најави мобилниот концепт за помош по повик — услуга со јавно пријавување, јасни правила и еднаква достапност во сите населби.

Реклама

„Нудиме мобилен концепт за помош по повик — кратка, но суштинска поддршка: набавки на лекови и намирници за постари лица, придружба до лекар, како и грижа за мали деца кога на семејствата им ‘гори’ со работа, здравје или итни обврски. Најавуваме локална солидарност, со јавно пријавување, јасни правила и еднаква достапност во сите населби“, вели Анѓушев

Во пораката кон жителите на оваа скопска општина, носителот на листата за советници на Коалицијата за зелена иднина во Општина Карпош и ко-претседател на зелената партија ДОМ, ветува дека „Карпош ќе биде општина што ќе стои покрај сите вас.“