Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

АХВ потврди мртов гавран со вирус на западнонилска треска во Ресен 

Агенцијата за храна и ветеринарство утрово потврди мртов гавран со вирус на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за храна и ветеринарство утрово потврди мртов гавран со вирус на западнонилска треска во Ресен, во централното подрачје, во паркот покрај Општината. Ова денеска го соопшти министерот за здравство Сашо Клековски во изјава за медиумите.

– Зошто е ова значајно? Многу видови птици се засегнати од вирусот. Гавранот е една од птиците која е засегната и може да пцовиса од вирусот. И важно е затоа што гавранот е, генерално, стационарна птица, значи не е птица преселница, и пронаоѓањето мртов гавран може да укаже на локална циркулација на вирусот на западнонилската треска. Ние веднаш го известивме Центарот за јавно здравје – Битола и градоначалникот на општина Ресен да направат ревизија на плановите за прскање против комарци и да пристапат кон прскање по индикации – рече министерот.

Тој информира дека уште две птици од Скопје се во моментот во фаза на тестирање.

Реклама
Edhe një pacient tjetër ka vdekur nga ethet e Nilit Perëndimor dje pasdite, dhe ky është rasti i gjashtë me pasoja fatale, konfirmoi sot drejtori i Klinikës për Sëmundje Infektive, Fadil Cana

– Би сакал да апелирам до граѓаните да не даваат лажни пријави во Агенцијата за храна и ветеринарство, капацитетите се ограничени и би замолил граѓаните да се фокусираат на вистински пријави. Фокусот да биде на гаврани поради нивната стационарност и можеме да ја употребиме за моментно лоцирање нови ризични подрачја. Во моментот ќе издадеме мерки за претпазливост во општина Ресен, и кон матичните лекари и кон Општината, во врска со дејствата што треба да бидат преземени. Ќе следиме понатаму како се развива ситуацијата и соодветно ќе реагираме – појасни министерот.

На новинарско прашање во однос на случај со жена во инвалидска количка, Клековски одговори дека стручниот надзор е завршен и оти би сакал лично да ја посети пациентката во текот на следната недела за да побара дозвола од неа за соопштување делови од стручниот надзор, оти, вели, сепак се работи за лични податоци.

На новинарско прашање, директорот на Клиниката за инфективни болести, Цана, одговори дека „со оглед на тоа дека според сите светски статистики и упатства што се дадени, смртноста кај овие пациенти се зголемува како што е и возраста понапредната. – За тоа што имаме тешки случаи, тоа не значи дека отстапуваме од другите земји, туку сме во склоп на оние проценти што се научно веќе потврдени – изјави директорот на Инфективна, д-р Цана.