Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

АХВ организира еднодневни специјализирани обуки за подигнување на свеста за болести кај животните

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Факултетот за ветеринарна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје почна серија еднодневни специјализирани обуки за подигнување на свеста за африканската чума кај свињите, со посебен акцент на класичната чума кај свињите, беснилото и авијарната инфлуенца. Обуките се наменети за одгледувачите на животни, ловците, надлежните доктори по ветеринарна медицина и официјалните ветеринари.

Првите две обуки се одржаа вчера и денеска во Велес и, како што соопшти АХВ, имале околу 100 учесници, меѓу кои претставници на двете здруженија на одгледувачи на свињи – „Гицко“ и „Македонско прасе“, претставници од Ловечката федерација на Македонија, ЈП Национални шуми од Велешкиот регион, претставници и официјални ветеринари од АХВ  и од Македонската ветеринарна комора.

-Целта на обуките е да се запознаат учесниците со ризиците, начините на ширење на болеста и мерките за превенција и биосигурност. Како дел од пошироката кампања за информирање на јавноста, Агенцијата за храна и ветеринарство исто така обезбедува и дистрибуција на информативни материјали, вклучувајќи постери, флаери и брошури, кои ќе бидат достапни за одгледувачите, ловците, ветеринарите и и јавноста. Дополнително, кампањата предвидува и емитување на радиоинформативни спотови на локални радиостаници, со цел да се достигне поширока публика и да се поттикне раното пријавување на сомнителни случаи. Со овој сет на активности се очекува зајакнување на знаењето за превенција и контрола на африканската чума, подигнување на јавната свест за ризиците за здравјето на животните, поттикнување на раното пријавување на сомнителни случаи и зголемен број доставени примероци за пасивен надзор на болестите африканска чума кај свињите, класична чума кај свињите и беснило, како и промовирање на одговорно однесување и биосигурносни мерки во одгледувалиштата, ловиштата и националните паркови, соопшти Агенцијата. 

Реклама

На еднодневните обуки е предвидено учесниците да се запознаат со препознавањето на болеста африканска чума кај свињите, ризиците и начините на внесување и ширење на африканската чума кај свињите во одгледувалиштата, ловиштата и националните паркови. Обуките ќе опфатат информации за штетните последици од појавата на болеста, значењето на раното пријавување, постапките за убивање и нештетно отстранување на заразените животни, како и безбедното земање, пакување, означување и транспорт на примероците и изготвување пропратна документација.

-Дополнително, учесниците ќе се запознаат со идентификацијата на пол, фенотипските карактеристики и старосните категории кај дивите свињи, како и примената на биосигурносни мерки во одгледувалиштата, ловиштата и националните паркови. Посебни делови од обуките ќе бидат посветени и на препознавањето на болестите беснило и авијарна инфлуенца, како и на значењето на раното пријавување и спроведувањето на кампањата за орална вакцинација на лисиците со вакцинални мамки против беснило, информира АХВ.

Во наредниот период ваков тип на обуки ќе има и во Битола, Гостивар, Куманово, Охрид, Штип, Гевгелија и Скопје. Агенцијата за храна и ветеринарство ги организира обуките од својот буџет, а се кофинансирани од Европската извршна агенција за здравје и дигитализација (HADEA).