Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

АД ЕСМ: Левица манифестира елементарно непознавање на Законот за јавни набавки

АД ЕСМ најостро ги демантира изнесените невистини по повод неоснованите обвинувања од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

АД ЕСМ најостро ги демантира изнесените невистини по повод неоснованите обвинувања од страна на политичката партија Левица во врска со набавката на помошна механизација за потребите на РЕК Битола.

-Изнесените тврдења од страна на Левица манифестираат елементарно непознавање на Законот за јавни набавки и целосно ја игнорираат законската процедура по која АД ЕСМ постапува. Јавниот повик кој се обидуваат да го скандализираат е спроведен во целосна согласност со сите позитивни законски прописи.Имено, во моментот на реализација на  тендерската процедура, предметната компанија „Рудкоп“ немала законски пречки за исклучување, ниту забрана од надлежните органи за учество на тендери. Исто така, немала негативна референца што исто така, би можело да ја исклучи од постапките за јавни набавки. Врз основа на овие факти, Комисијата за јавни набавки немала правни аргументи за елиминација на предметниот потенцијален економски оператор. Одлуката за избор и констатацијата на Комисијата за ЈН се базираат на фактот дека фирмата имала најповолна понуда. Станува збор за рамковен договор според кој се плаќа по ангажман, односно само доколку РЕК Битола има потреба од помошна механизација. Ова значи дека плаќањето се врши исклучиво за извршена услуга и во согласност со реалните потреби на РЕК Битола, велат од АД ЕСМ.

АД ЕСМ вели дека работи исклучиво според законите и нема намера да врши каква било политичка селекција на фирми кои учествуваат во сегментот јавни набавки.

Реклама

-Секоја фирма и потенцијален оператор што се јавува на распишаните јавни повици е предмет на детална проверка, согласно Законот за јавни набавки и според утврдените критериуми и правила за учество. Ги повикуваме од партијата Левица пред да изнесуваат паушални обвинувања, претходно да се описменат за тематиките, да ги проверат фактите и темелно да се запознаат со законските регулативи. АД ЕСМ останува посветена на транспарентното и законско работење во интерес на граѓаните и државата, велат од ЕСМ.