Реклама
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ потврди дека сакале да дозволат менување на пол на малолетни деца без согласност од нивните родители

СДСМ фатени на дело, потврдија дека имале во план да дозволат промена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ фатени на дело, потврдија дека имале во план да дозволат промена на пол на малолетни деца, без притоа да имаат дозвола од родителите или старателите, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ повторно во кавга со свој поранешен градоначалник, кој ги обвини дека за овој проект, тие велат цитираме:

“Ова не е вистина. Законот за кој зборува Костадинов е од 2023 година и тој закон беше повлечен, нема никаква врска со нашата нова програмска платформа.”

Реклама

Со ова, СДСМ само ја потврдија нивната цел дека имале на ум да го протуркаат овој закон, но со реакциите на јавноста и ВМРО-ДПМНЕ беше стопиран.

Затоа се во опозиција, а после ова сметаме дека уште толку ќе се маргинализираат.

ВМРО-ДПМНЕ како и тогаш и денес не ги поддржува ваквите експерименти на СДСМ.