Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Прилози

Подмладоците на политичките партии потпишаа декларација за европски вредности и кохезија

Посветеноста кон европската иднина на државата, почитување на различностите, демократската култура, одговорноста,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Посветеноста кон европската иднина на државата, почитување на различностите, демократската култура, одговорноста, дијалогот,се клучните точки во Декларацијата за европски вредности што денеска ја потпишаа претседателите на подмладоците на политичките партии во државата. Секојдневните несогласувања на политичките лидери околу многу ставови поврзани со европската иднина на Македонија, политичките потези и одлуки, законските измени,не смеат да бидат пример за подмладоците на партиите, па тврдат дека без разлика од која партија доаѓаат имаат обединети ставови за многу важни прашања.

-„Свесни сме дека подмладоците на политичките партии се простор од кој веќе денес произлегуваат ставови и пораки, примери што имаат значење за јавноста, за политичкиот дијалог и за доверабата во демократските процеси. Токму затоа ја препознаваме нашата должност да придонесеме кон политичка култура заснована на пошитување, достоинство, зрелост и одговорност“, изјави Билјана Јаневска, директор на Институтот Охрид.

Шефот на секторот за соработка Стефан Хадолин вели дека сите треба да работиме заедно за да ја направиме Македонија подобро место за живеење.

Реклама

Тонски- Стефан Хадолин- шеф на сектор за соработка од делегацијата на ЕУ

-„Сето ова е за мирот кој што постои во Европа. Вие, овој настан и сите оние кои што работат зад кулисите се дел од ова. Овие мали работи се работите за кои што треба да ги засукаме ракавите, да работиме да бидеме транспарентни, да бидеме инклузивни и да  да зборуваме еден со друг“, изјави Стефан Хадолин.

Потшишувањето на декларацијата е дел од настаните по повод Денот на Европа, а има за цел да посвети внимание на младите политички генерации и на нивната улога во градење на поодговорна, подостоинствена и поевропска потичка култура. Настанот го организираше Институтот за економски стратегии и меѓународни односи од Охрид а е финансиран од Европската Унија