Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Прилози

ВЛЕН: Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, архивата на ДУИ?

Додека граѓаните чекаат разрешница за случајот „Државна лотарија“, тежок 8 милиони евра,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека граѓаните чекаат разрешница за случајот „Државна лотарија“, тежок 8 милиони евра, поврзан со Артан Груби, институциите молчат и го одолговлекуваат процесот. Од ВРЕДИ прашуваат кој има интерес постапката да се одолговлекува и дали некој се плаши од информациите што, како што велат, ги поседува Груби како „жива архива“ на ДУИ.

– Артан Груби, заедно со бегалецот Перпарим Бајрами, се сомничи за злоупотреби во вредност од 8 милиони евра во случајот „Државна лотарија“. Ова не е обичен предмет, туку едно од најтешките досиеја на системот на ДУИ, каде што политиката, бизнисот, лотаријата и власта биле измешани за приватни интереси. Затоа, прашањето што само по себе се наметнува е: кој го одолговлекува овој случај? Кој има интерес Артан Груби да молчи? Кој се плаши од тоа што може да открие архивата на ДУИ? – велат од ВРЕДИ.

Од таму додаваат дека во овој случај не може да се заобиколи ниту името на Ислам Абази, човекот кој ја потврди контроверзната одлука за скандалот „Мазут“, кој е тежок 167 милиони евра.

Реклама
  • Јавноста добро памети дека Артан Груби вработил негова блиска роднина, а потоа ја префрлил во АЕК. Денес, кога случајот „Груби“ се движи со полжави чекори, граѓаните имаат право да прашаат дали ова е случајност или дел од мрежа што произведува заштита, молк и недопирливост – велат оттаму.

Од партијата бараат одговор, но и дејствување. „Случајот Груби“ не смее да заврши во фиока и да стане предмет на политички пазарења. Секое одолговлекување на правдата, велат, ја руши довербата на граѓаните и го компромитира европскиот пат на државата“.

Инаку, Груби, заедно со поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, е осомничен за проневера од осум милиони евра, а по повеќе од 14 месеци бегство, во февруари годинава беше уапсен на граничниот премин „Блаце“.

По распит во Обвинителството, Груби, наместо во притвор, кој претходно му беше определен во отсуство, поради безбедносни причини доби куќен притвор.