Македонската Православна Младина на Австралија одбележува 20 години од основањето. По тој повод во Мелбурн беше одржана свеченост со која беше прославен јубилејот.
На свеченоста присуствувале претставници од политичкиот, дипломатскиот и црковниот живот на Австралија, како и членови на пошироката православна заедница.
– Настанот собра повеќе од 500 гости, претставници од политичкиот, дипломатскиот и црковниот живот, како и членови на пошироката православна заедница, претставувајќи значаен момент за македонската православна заедница и за нејзината промоција во Австралија, велат од Македонската Православна Младина на Австралија.
