Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Три лица лишени од слобода, вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно пет пријави за семејно насилство, додека три лица се лишени од слобода.

Во СВР Скопје синоќа околу 22:25 часот, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 21:00 часот во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 39-годишен сопруг.

Вчера во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.И.(50) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна сопруга дека околу 08:00 часот во семејниот дом, по претходна расправија, физички ја нападнал.

Реклама

Утрово во 06:00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода И.А.(18) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава од неговата 36-годишна мајка, дека физички ја нападнал и ѝ се заканувал на неа и на неговиот малолетен брат. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и Центар за социјални работи Неготино.

Во СВР Скопје вчера во 20:30 часот, 43-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 15:00 часот, нејзиниот сопруг, со кого не живеат заедно и имаат нарушени односи, физички ја нападнал неа и нивната малолетна ќерка.

Синоќа во 23:35 часот, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Н.П.(37) од виничко село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом со неговата мајка физички ја нападнале неговата 22-годишна сопруга.

Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите и најавуваат дека по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.