Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Меморандум за модернизација на Зоолошките градини во Скопје и Битола

Подобрување и реновирање на живеалиштата, унапредување на условите за животните и подигнување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подобрување и реновирање на живеалиштата, унапредување на условите за животните и подигнување на стандардите на функционирање на Зоолошките градини во Скопје и Битола се приоритети кон кои ќе се стремат одговорните институции. Зоолошката градина во Скопје има еден век грижа, посветеност и едукација за многу генерации деца, кои го направиле првиот чекор за разбирање на природата. Надлежните велат дека во време кога светот се соочува со промени на видовите, климата и уништувањето на природните живеалишта, секоја спасена врста на животинскиот свет претставува чекор кон подобра иднина.

„Зоолошките градини денес се место каде не само што се гледаат животни, туку тие се и центри за едукација, за заштита на биодиверзитетот, научна работа и подигнување на јавната свест за зачувување на природата. Нашата визија е Зоолошката градина Скопје да продолжи да се развива како современ и едукативен центар каде што ќе се учи значењето за заштитата на животинскиот свет“, изјави Катерина Костова, директор на ЗОО Скопје.

Министерот за животна средина Муамет Хоџа вели дека за да ја зачуваме планетата треба секој да почне од сопствениот двор.

Реклама

Денешното потпишување на Меморандумот за соработка меѓу Министерството за животна средина и Зоолошките градини во Скопје и Битола е вистински пример за тоа. Нашата цел е јасна, сакаме овие институции да ги трансформираме во модерни европски центри. Центри кои примерно ќе се грижат за благосостојбата на животните, заштитата на дивиот свет и едукацијата на младите“, изјави Муамет Хоџа, министер за животна средина.

Инаку, Природонаучниот музеј на Македонија оваа година одбележува 100-годишен јубилеј од основањето, заедно со Зоолошката градина.