Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Вреди: Европската комисија го потврди она што го кажавме, Македонија е лидер во регионот со реформите

Реформите што создаваат конкретни резултати се најдобриот одговор за граѓаните и за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реформите што создаваат конкретни резултати се најдобриот одговор за граѓаните и за европската перспектива на Северна Македонија – се вели во соопштението од Вреди.

Обезбедувањето на 65,7 милиони евра од Европската Унија во рамки на Планот за раст за Западен Балкан е доказ дека работата, институционалната координација и сериозниот пристап кон реформите што ги предводи Владата со активно учество на ВЛЕН даваат резултати.

Европската комисија го потврди она што постојано го истакнуваме: Северна Македонија е меѓу земјите со најдобри перформанси во регионот во реализацијата на реформите и европската агенда.

Реклама

Овој успех потврдува дека државата има капацитет да реализира вистински реформи, да ја зголеми институционалната ефикасност и да ги унапреди процесите што директно влијаат врз животот на граѓаните, и тоа почнувајќи од образованието и дигитализацијата, па сè до транспарентноста и економскиот развој.

За ВЛЕН, европската интеграција не е само политичка цел, туку процес што треба да донесе конкретен развој, функционални институции и повеќе можности за граѓаните.

Постигнатите резултати се поттик да се продолжи со истото темпо на европскиот пат, со фокус на реформите, одговорноста и градењето држава што им служи на граѓаните според европски стандарди.