Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Секторска работна група за образование, вработување и социјална политика: Интензивирани реформи за стратешките приоритети

Образовниот и научно-истражувачкиот систем во Македонија продолжуваат интензивно да се трансформираат во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Образовниот и научно-истражувачкиот систем во Македонија продолжуваат интензивно да се трансформираат во насока на прифаќање европски стандарди, подобар квалитет и посилна институционална поставеност. Приоритет се реформите кои произлегуваат од Реформската агенда 2024-2027, Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан и стратешките приоритети на Владата во областа на човечкиот капитал.

Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на 18. состанок на Секторската работна група за образование, вработување и социјална политика, одржан денес, каде претставници на трите ресорни министерства информираа за остварените резултати во изминатите шест месеци.

– Продолживме со инвестициите во модернизација на образованието, дигитализација и подобрување на инфраструктурата, како и со зголемување на инклузивноста и поддршката на наставниот кадар. Истовремено, интензивно работевме на законската регулатива која треба да обезбеди долгорочна стабилност, квалитет и европска усогласеност на образовниот систем – рече министерката Јаневска.

Реклама

Новата законска рамка за високото образование и за научно-истражувачката дејност треба да обезбеди високи стандарди, интернационализација и видливост на македонските универзитети и научни установи. Министерката Јаневска укажа дека трите нови закони: за високото образование, за обезбедување и унапредување на квалитетот во високото образование и за научно-истражувачката дејност, се изработени низ инклузивен процес и наскоро ќе се најдат пред пратениците.

За поефикасна поврзаност со европските образовни и младински програми Министерството за образование и наука подготвува ново законското решение за Националната агенција за програмите Еразмус+. Во тек е подготовката и на нов Закон за средно образование, кој ќе даде поддршка на современите потреби на учениците, наставниците и стопанството. Фокусот е на дополнително зајакнување на стручното образование и обука, што е препознаено како наша силна страна. Концептот на дуално образование е системски уреден, а поддршката од бизнис заедницата постојано се зголемува, со активно учество на повеќе од 800 компании. Наскоро ќе се донесе одлука за формирање на осмиот регионален центар за стручно образование и обука.

Со цел да обезбеди стабилност и мотивираност на кадарот, што е предуслов за успешна имплементација на образовните реформи и усогласување со европските стандарди, Министерството за образование и наука продолжи со зголемување на платите на наставниците, инвестирање во нивниот професионален развој и обезбедување услови за континуирана обука. Од март годинава, платите на вработените во училиштата се зголемени за дополнителни 7,5%, така што за 2 години кумулативното зголемување изнесува над 20%, а ги реализиравме и ветувањата за кариерен развој на наставниците и стручните соработници преку напредувања во звања – ментор и советник.

Во инфраструктурата активни се 50-тина инвестиции од над 60 милиони евра. 160 училишта се опремени со безбедна безжична инфраструктура и модерна ИТ опрема.

Како што информира МОН; на состанокот беше потврдено дека реформите во образованието и науката не се изолирани активности, туку дел од поширок стратешки процес на европска интеграција, институционална модернизација и создавање поквалитетен систем за идните генерации.