Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Ристовски: ФНЦ во Скопје е можност за промоција на спортот и на Македонија како спортска дестинација

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска присуствуваше на прес конференцијата и изрази…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска присуствуваше на прес конференцијата и изрази поддршка за првиот настан на најголемата ММА организација во Европа,  „FNC 34 Fight Nation Championship “ што ќе се одржи на 24 октомври во СЦ „Т-Арена/Борис Трајковски“ во Скопје. Организатор на овој настан е Македонската ММА федерација со поддршка од Министерството за спорт. 

„Министерството за спорт секогаш ќе дава поддршка на вакви проекти кои го промовираат спортот и Македонија. Мислам дека ова ќе биде голем и убав спектакл и ќе гледаме квалитетни борби кои ќе го промовираат спортот, но ќе ја провомираат и Македонија како спортска дестинација“ – истакна министерот Ристовски.

ФНЦ за прв пат доаѓа во Македонија, но со оглед на се растечката популарност на ММА борбите нјавена е долгорочна соработка и организација и на други настани во иднина.

Реклама

„По повик од многубројни фанови од Македонија, ФНЦ доаѓа по првпат во Скопје. Многу веројатно не сме последен пат овде. Доаѓаме со сериозни борби, ние сме во подем, растеме секој ден. Гледачите ќе можат 4-5 часа да уживаат во спектакуларни борби“ – изјави Дражен Форгач, основач и претседател на ФНЦ.

На „FNC 34 Fight Nation Championship“ Македонија ќе биде застапена со пет борачи.

Македонската ММА Федерација ќе ја претставуваат: Даниела Алексовска, Марко Трајановски, Тоше Цветков, Ален Амедовски и Дино Старчевиќ.

На шампионатот ќе има 11 борби, а во главната борба на вечерта, Лом-Али Ескиев ја брани титулата во лесна категорија против Марко Бојковиќ.

ristovski-fnc-vo-skopje-e-moznost-za-promocija-na-sportot-i-na-makedonija-kako-sportska-destinacija-image-W8FO.jpg
ristovski-fnc-vo-skopje-e-moznost-za-promocija-na-sportot-i-na-makedonija-kako-sportska-destinacija-image-jMGz.jpg
ristovski-fnc-vo-skopje-e-moznost-za-promocija-na-sportot-i-na-makedonija-kako-sportska-destinacija-image-nlmv.jpg
ristovski-fnc-vo-skopje-e-moznost-za-promocija-na-sportot-i-na-makedonija-kako-sportska-destinacija-image-kREz.jpg