Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Николов: Од вкупно 16,41 милиони евра приходи од комуналии, немаме ниту едно ново училиште во Центар, ама затоа се градат над 100 згради

Од вкупно 16,41 милиони евра приходи од комуналии, немаме ниту едно ново…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од вкупно 16,41 милиони евра приходи од комуналии, немаме ниту едно ново училиште во Центар, ама затоа се градат над 100 згради, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ од статус на Фејсбук на Горан Николов, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.

Почитуван градоначалник во вашата програма ветувавте хуман урбанизам, но реалноста дека Општина Центар станува нехумано место за живеење. Свесни сме дека тоа е од повеќе фактори, но меѓу кои и се поголемата бетонизација.

Според објавените информации во вашиот мандат се споменува трицифрен број на издадени одобренија за градба. Барам да го соопштите точниот број колку станбени единици се предвидени со тие одобренија, според објавените извештаи колку што можев да ги видам на страната, на веб страната на Општина Центар во период од 2023 и 2025 година, општината остварила околу 16,41 милиони евра приходи од комуналии.

Реклама

Колку од овие средства се искористени за изградба или проширување на училишта, градинки, за изградба на нови игралишта и за обезбедување на нови паркинг места? Значи, што конкретно изградивте или проширивте за да ги задоволите потребите на новите жители, односно барам да ми доставите преглед во проекти со конкретни локации, потрошени износи или обезбедени капацитети за градинките, училиштата со рокови за реализација.

Објавата може да ја погледнете на следниот линк: