Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Антонио Јолевски назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола на местото на Пецо Везировски, кој е осомничен за поткуп

Поранешниот претседател на Советот на јавните обвинители, Антонио Јолевски, е назначен за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешниот претседател на Советот на јавните обвинители, Антонио Јолевски, е назначен за вршител на должноста виш јавен обвинител во Битола на местото на Пецо Везировски, кој е осомничен за примање награда за противзаконито влијание. 

Одлуката е донесена на 53. седница на Советот на јавните обвинители, одржана на 13 октомври, откако Основниот кривичен суд Скопје го известил Советот дека против Везировски е определена мерка на претпазливост со која му се забранува преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело, односно активности на неговото работно место. 

– Под точката разно, претседателот на Советот ги запозна другите членови со известувањето на Основниот кривичен суд Скопје дека против јавен обвинител е определена мерка на претпазливост – забрана за преземање определени работни активности, кои се поврзани со кривичното дело, односно работни активности на неговото работно место, поради што Советот донесе одлука да се стави надвор од сила одлуката со која јавниот обвинител е определен за в.д. виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Битола. Поради ваквата состојба, Советот одлучи да донесе одлука за назначување на јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Битола, Антонио Јолевски, за в.д. виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Битола – стои во соопштението од Советот на јавните обвинители. 

Реклама

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 7 октомври информира дека е поведена постапка против виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Битола поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик. 

– Во изминатиот период преку повеќе дејства и примена на посебни истражни мерки обезбедени се докази што упатуваат на основано сомнение дека тој ги искористил своето реално влијание и службената положба што ја извршувал за недозволено да влијае врз одлучувањето на колеги јавни обвинители и судии во најмалку 4 одделни предмети на подрачјето на кое ја вршел својата функција. Притоа ургирал за пониски казни или за да обезбеди поповолна позиција за осомничени или обвинети лица во кривична постапка – стои во соопштението од Обвинителството. 

На Пецо Везировски определени му се мерки за претпазливост.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост, по сослушување на осомничениот во присуство на бранителот, како и по ценење на фактите и доказите содржани во предлогот, донесе решение со кое го прифати предлогот на ОЈО ГОКК. 

– Против П. В., кој се сомничи за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик, со оглед на фактот дека судот не може да му определи построга мерка од мерката предложена од јавниот обвинител, му се определуваат мерки за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за преземање определени работни активности – информира Кривичниот суд. 

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд.