Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Божиновска: Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот, клучен приоритет – енергетската стабилност

Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот, а клучен приоритет е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот, а клучен приоритет е енергетската стабилност – порачала денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на ресорскиот состанок, на кој биле разгледани тековните активности во енергетскиот сектор.

На состанокот, на кој присуствувале претставници од релевантните институции од енергетиката, се разговарало на повеќе теми во насока на навремена реализација на енергетските проекти, како и преземање мерки за справување со предизвиците во секторот. Претставниците на ЕСМ, МЕПСО, НОМАГАС, како и претставниците на МЕМО, ги презентирале актуелните проекти и активности, како и плановите за претстојниот период.

Министерката Божиновска на состанокот нагласила дека клучен приоритет на Министерството  за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) е одржување на стабилноста на енергетскиот систем, навремена реализација на проектните активности, како и обврските во однос на реформската агенда.

Реклама

– Како потврда на досегашната одлична работа на Владата на ова поле стигна и од самата ЕК. Имено, во согласност со Комисијата, Македонија е најнапредна во однос на реформската агенда поради што Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони евра за Македонија во рамките на планот за раст за Западен Балкан, односно преку инструментот за реформи и раст – соопшти МЕРМС.

Од ЕСМ информирале дека имаат активни проекти што се потврдени во листата за тековни јавни инвестиции. Воедно, биле презентирани и проекти што се во фаза на иницирање и дополнително треба да бидат вклучени на листата. На состанокот бил претставен и детален финансиски преглед за периодот од првиот квартал 2020 – 2026 година, што ги опфаќа приходите, расходите и добивките – загубите, при што, како што се истакнува во соопштението на Министерството, бил потенциран позитивниот финансиски резултат во првиот квартал.

– МЕПСО информира за остварениот позитивен финансиски резултат во првиот квартал од 2026 година, при што е евидентирана добивка во првиот квартал. На состанокот беа презентирани приходите и расходите за првиот квартал, како и информацијата дека од јануари 2026 година аукциите за прекугранични капацитети со Србија и Бугарија ги спроведува JAO. Дополнително, беше разгледан напредокот на тековните инфраструктурни проекти, меѓу кои Битола – Елбасан, ТС Охрид, Источнозападниот коридор и другите проекти што се дел од проектната листа на компанијата – се нагласува во соопштението.

Од страна на НОМАГАС било истакнато дека досега се почнати и се во разна фаза на напредок повеќе значајни делници од националната гасоводна мрежа.

– Меѓу нив се Клечовце – Неготино, Неготино – Битола и Скопје – Тетово – Гостивар, а во тек се активности за понатамошно проширување кон Кичево и други региони. Компанијата активно работи и на реализација на стратешкиот гасен интерконектор со Грција, кој ќе овозможи директно поврзување со европската гасна мрежа и пристап до нови извори на природен гас и ЛНГ-терминали – се додава во соопштението на Министерството.

Се истакнува и дека од МЕМО е информирано оти се очекува со потпишувањето на одлуката на Министерскиот совет за меѓусебно признавање на гаранциите за потекло да се овозможи поврзување со ЕУ-зоната. Воедно, биле разгледани активностите поврзани со процесот на пазарно спојување, тековните приоритети на операторот и нивното целосно правно членство во AIB.

– Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и понатаму ќе продолжи со заложбите за обезбедување стабилен и сигурен енергетски систем – се вели во соопштението.