Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Македонија

Меѓународен ден на семејството: тоа останува темел на љубов и разбирање

Во време на брзи општествени промени, Меѓународниот ден на семејството потсетува дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во време на брзи општествени промени, Меѓународниот ден на семејството потсетува дека семејството останува темел на љубовта, разбирањето, воспитувањето и заедништвото –вредности кои имаат непроценливо значење за секо јчовек и за целото општество. Од Институтот за семејни студии апелираат дека во овој динамичен  начин на живот најважно е да најдеме и посветиме квалитетно време на своето семејство. Со работилници за учениците и студентите  денеска тие го одбележаа 15 мај меѓународниот ден  на семејството. Посебен акцент беше ставен на студентите кои треба да се стекнат со вештини, како да се справат со предизвиците што ги налагаат современите трендови.

-Денот на семејството е секој ден, секој ден треба да внимаваме на нашето семејство, треба да го негуваме, да ги негуваме односите во семејството, релациите, рече Ангелка Кескинова- раководител на Институтот за семејни студии

Од институтот потенцираат дека семејството е основата за развој на секое дете. Од семејството почнува првата комуникација, во семејството се стекнува чувството на припадност и се добива основата за функционирање во општеството и светот.

Реклама

-Во последните неколку години, декади би рекла семејството е динамично се променува како резултат на на промените што се јавуваат во европското семејство но и во светот. Промените донекаде може да кажеме дека се позитивни односно семејството се осовременува од традиционално постепено се променува во ново современо семејство со помал број на членови, меѓутоа имаме и негативни карактеристики, негативните карактеристики се проблемите во комуникацијата, проблемите во семејните односи зголемен врој на разводи, намален број на наталитет, додаде кексинова.

Меѓу другото овој ден претставува можности да се отвори поширока дискусија за општествените, економските и демографските процеси кои влијаат врз семејниот живот. Ако немаме здраво семејство немаме ни здраво општество е заклучокот од одбележувањето на 15 мај меѓународниот ден на семејството.