Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Свет

Хантавирусот од крузерот се шири, потврдени се нови случаи

Светска здравствена организација соопшти дека се пријавени девет нови случаи на хантавирус…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Светска здравствена организација соопшти дека се пријавени девет нови случаи на хантавирус поврзани со крузерот, од кои седум се потврдени.

Сите патници се евакуирани од бродот, кој по симнувањето на последните патници и дел од екипажот заминал од Тенерифе кон Холандија. Новите позитивни случаи се регистрирани меѓу евакуираните патници.

Во Шпанија, еден од 14 патници во Мадрид бил прелиминарно позитивен на ПЦР тестот, но е без симптоми и во добра општа состојба. Во Франција, една од петте евакуирани француски државјанки исто така е позитивна, откако развила симптоми за време на летот за репатријација.

Реклама

Во САД под здравствен надзор се 18 лица на две локации, меѓу кои има еден позитивен случај и едно лице со симптоми. Во Холандија, пак, 12 вработени во универзитетски медицински центар се ставени во шестнеделен карантин како мерка на претпазливост, поради пропусти во постапувањето со примероци од пациент заразен со хантавирус.

Досега тројца патници починаа, а кај двајца од нив е потврден хантавирус. Андскиот вирус најчесто се пренесува преку глодари, но е единствениот познат хантавирус кај кој е можно ограничено пренесување од човек на човек.

СЗО нагласува дека нема докази оти ова може да прерасне во пандемија како Ковид-19, но предупредува дека кај тешките случаи лекувањето и закрепнувањето можат да бидат долготрајни.