Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Сиљановска Давкова: Како докажани Европјани, должни сме да го осудиме секој облик на фашизам или слични идеологии

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод Денот на победата над фашизмот и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, наведе дека македонскиот народ застана на вистинската страна – антифашистичката и како природни и докажани Европјани, должни сме да го осудиме и да му се спротивставиме на било кој облик на фашизам или слични идеологии.

-9 Мај за нас е двоен празник: Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа. Македонскиот народ застана на правата страна – антифашистичката. Илјадници македонски партизани, млади и стари, мажи и жени, селани, работници и интелектуалци станаа дел од Народноослободителната борба, цврсто решени да се изборат за слобода, но и за самостојна и независна држава на македонскиот народ, напиша претседателката на својот Фејсбук профил.

Таа наведе дека околу 25.000 борци не ја дочекаа слободата и победата, но останаа запишани во македонската историја како незаборавни јунаци за македонската држава.

Реклама

-Кога на 9 Мај 1945 година капитулираше нацистичка Германија, македонската војска броеше повеќе од 110 илјади борци. Има ли поголемо сведоштво за решеноста со крв да се извојува слободата и да се оствари правото на самоопределување? За храброста и пожртвуваноста, 66 борци беа одликувани со Орденот народен херој, од кои 44 постухумно, истакна претседателката.

Сиљановска Давкова наведе дека меѓу најтешките трагедии од македонската НОБ е оној врзан за македонските Евреи.

-Пред војната, во Скопје, Битола и Штип еврејската заедница броеше 7.762 луѓе, почитувани македонски сограѓани. Во март 1943 година, окупаторските власти депортираа 7.144 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка. Речиси никој не се врати. Исчезнаа цели семејства, домови и генерации, но останаа небришливите траги и спомени во колективна меморија, пишува претседателката.

Претседателката нагласува дека 9 Мај одново и одново нè потсетува дека ниту слободата, ниту државата не ни се подарени, туку со живот и крв се изборени и мора да се чуваат, негуваат и бранат.

-Како природни и докажани Европјани, должни сме да го осудиме и да му се спротивставиме на било кој облик на фашизам или слични идеологии, да веруваме и трагаме по мировни решенија за сите внатрешни, меѓудржавни и меѓународни проблеми, следејќи го примерот на вистинските европјани: Роберт Шуман, Конрад Аденауер,Алсид де Гаспери и Жан Моне, татковците на нашата модерна Европа, оти заедно сме посилни! Слава на сите паднати антифашисти и борци за слобода! Нека нивната жртва никогаш не биде заборавена!, наведува претседателката во објавата на Фејсбук.