Реклама

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

Македонија

Претставници од Македонска Каменица на студиска посета во Велење: Разменети искуства за праведна транзиција

Делегација од Општина Македонска Каменица, предводена од градоначалничката Соња Стаменкова, престојуваше во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација од Општина Македонска Каменица, предводена од градоначалничката Соња Стаменкова, престојуваше во студиска посета на Велење, каде одблиску се запозна со процесите на праведна транзиција и економска трансформација на региони поврзани со рударската индустрија.

Во состав на делегацијата беа и советничките во Советот на Општина Македонска Каменица, Адријана Пауновска Спасевска и Валерија Стојановска, кои присуствуваа на презентација организирана во општината Велење и оствариле средба со тимот задолжен за развојните политики и прогресивните процеси во градот.

-Посебен впечаток од посетата ни оставо начинот на кој Велење се подготвува за постепена трансформација на економијата, додека рудникот за лигнит сѐ уште функционира. Паралелно со рударството, во градот активно се развиваат мали и средни претпријатија, како и езерски и бањски туризам, со цел зачувување на постојните и отворање нови работни места, информира Стаменкова.

Реклама

Во рамки на посетата, делегацијата го посетила и рударскиот музеј, изграден во еден од поранешните подземни копови, каде се спуштиле на околу 160 метри длабочина.

– Тоа беше силно и автентично искуство кое најдобро ја доловува тежината на рударската работа, но и значењето на транзицијата што треба да обезбеди сигурна иднина за луѓето и заедниците кои со децении живееле од оваа индустрија, посочуваат учесниците во посетата.

Студиската посета била реализирана со поддршка на Friedrich Ebert Stiftung, на што делегацијата изрази благодарност.