Реклама

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Македонија

Манасиевски: Филипче како Коте од Руља, се стави на тацна на Бугарија и на Румен Радев

Филипче како Коте од Руља, се стави на тацна на Бугарија и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче како Коте од Руља, се стави на тацна на Бугарија и на Румен Радев, догматично ги следи чекорите на Зоран Заев, изјави на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Румен Радев, не е нов политичар во Бугарија, туку само нов премиер, за кој сите знаеме какви радикални ставови има околу Македонија и македонскиот јазик, народ, идентитет и историја. Да не заборавиме, дека за Румен Радев, сонародниците на Гоце Делчев се Бугари. Со овие ставови и неговиот однос кон Македонија, јасно ни е дека Бугарија нема да се помрдне ни милиметар од нивните барања, со тоа што ќе не ветоизира на секое можно поле.

Во ваква ситуација, наместо критика и осуда од македонската опозиција, Венко Филипче втрча во прегратки на Радев и на Бугарија, јасно кажувајќи дека доколку тој дојде на власт би ги направил уставните измени, дека би ги прифатил барањата на официјална Софија и дека нема проблем Гоце Делчев да е Бугарин, Илинденското востание да биде запишано како бугарско, односно дека би биле што би рекол неговиот ментор Заев, еден народ, две држави.

Реклама

Тоа што Зоран Заев го започна со распродажба на државните и националните интереси, Филипче е спремен да го доврши.

Наместо да се вразумат и да застанат на вистинската, на македонската страна, тие за свои лични интереси се спремни за нови национални предавства.