Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Национална мрежа: Потребна е ефикасна заштита од семејно насилство

За да се спречи семејното насилство и да бидат згрижени повеќе жртви…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За да се спречи семејното насилство и да бидат згрижени повеќе жртви потребните се седум милиони евра. Оваа сума на пари се потребни за сите сервиси  на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство да  можат да функционираат и  да згрижат повеќе жртви но  и да се искористат сите услуги  кои им се потребни. Најголем дел од овие средства недостасуваат за функционирање на шелтер центрите, советувалиштата за психолошка помош и бесплатната правна помош. Голем проблем претставува и недостигот на центри во руралната средина посочија од Националната мрежа. Жртвите на семејно насилство бараат поголем број на Шелтер центри.

Досега се издвојуваат релативно малку средства а пресметката која што ја направивме по сценарио дека постепено ќе ги воведуваме сервисите, меѓутоа идејата е за три најдоцна за три години од сега 2026-2027 да се воспостави целосна инфраструктура значи целосна мрежа“, изјави проф.Катерина Шалкова Коцевска-Правен факултет.

Од Националната мрежа велат дека ако сакаме да воспоставиме целосно функционален систем треба да се  направи една национална СОС линија, десет упатни центри за жртвите од силување, најмалку 28 засолништва, 19 советувалишта и бесплатна правна помош.

Реклама

Психолошката поддршка е клучна и за жените и за нивните деца. Она што во моментов не се случува е што во нашите шелтер центри не постојат психолози кои што работат на редовно ниво континуирано. Значи жените кои што се сместуваат во шелтер во овој момент добиваат само кров над глава и јадење“, изјави Елена Димушевска извршна директорка на Национална мрежа против насилство.

Од Националната мрежа посочуваат дека час поскоро треба да се реагира од страна на државните институции за да се обезбедат средствата а со тоа и да се задоволат потребите на жртвите. Анализата која што тие  ја направија  и дава  на државата предлог како во следните три години да се воспостави систем и според законите но и според Истанбулската конвенција за жртвите  од секаков вид на насилство.