Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Свет

Акција на Интерпол во 90 земји против нелегални лекови – уапсени 270 лица

Речиси 270 лица осомничени за трговија со недозволени медицински средства се уапсени,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси 270 лица осомничени за трговија со недозволени медицински средства се уапсени, а 66 криминални групи се разбиени во полициска операција спроведена во 90 земји, соопшти денеска Интерпол.

Организацијата изрази особена загриженост поради злоупотребата на антипаразитски производи, односно нивната употреба надвор од пропишаниот или законски медицински контекст. Операцијата „Пангеа XVIII“ (Pangea XVIII), спроведена во март на сите континенти, резултираше со заплена на повеќе од шест милиони нелегални лекови во вредност од 15,5 милиони долари, се наведува во соопштението на меѓународната полициска организација со седиште во Лион.

Меѓу запленетите нелиценцирани или фалсификувани лекови имало препарати за еректилна дисфункција, седативи, лекови против болки, антибиотици и средства за одвикнување од пушење.

Реклама

„Благодарение на онлајн пазарите и неформалните синџири на снабдување, криминалците можат да ги искористат регулаторните празнини, а целна група им се луѓето што бараат брзи или поевтини начини на лекување“, изјави генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, предупредувајќи на сериозни, па дури и фатални последици.

Еден од позначајните случаи во рамки на операцијата било откривањето таен погон за производство на лекови во Бугарија, каде што биле запленети милиони таблети, ампули и инјекциски препарати.