Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Прилози

На 5 јуни отворање на 60-тото издание на Меѓународниот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Претставата „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претставата „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски и во изведба на Драмски театар од Скопје, е претставата која ќе го отвори годинашното јубилејно 60-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. Од изгледаните 54 претстави во македонските институционални театри и независната продукција, избрани се вкупно 14 претстави, од кои 10 се во официјалната и четири претстави во придружната програма. Во сите, како главна одлика, се гледа дека доминираат мал број режисерски имиња, квазикомедии кои треба да ни покажат дека публиката доаѓа во театар од една причина, како и препрочити на одамна веќе излитени драми.

„Иако на репертоарите на театрите имаше македонски драми, сепак недостигаше современ ракопис кој треба да покаже како треба да изгледа денешната современа драма кај нас, а истовремено некои од претставите работени според македонските драми не беа на соодветно ниво во однос на актуелниот театарски контекст“, изјави проф. д-р Ана Стојаноска – уметнички директор на МТФ „Војдан Чернодрински“.

Годинава, во чест на јубилејот, воведени се и две новини. Наградата за најдобра машка улога ќе го носи името на исклучителниот актер Кирил Ристоски, а наместо досегашните три награди за животно дело, ќе бидат доделени четири награди и тоа на актерите: Атила Клинче, Сашо Миленковски, Љубомир Чадиковски и Веби Керими. Во рамките на фестивалот ќе се одржуваат и низа други придружни театарски содржини: изложба посветена на 60 години театарски фестивал, ден посветен на Дејан Дуковски како „Автор во фокусот“, ќе биде организиран „Музејот во движење“ посветен на творештвото на актерите Благоја Ивчески, Лидија Иваноска и Трајче Иваноски. Ќе има и детска зона, театарски перформанси и тркалезни маси.

Реклама

МТФ „Војдан Чернодрински“ годинава ќе се одржува од 5 до 12 јуни, а претставите ќе се прикажуваат на сцената на ЦК „Марко Цепенков“ и на Сцена 105. Фестивалските завеси ќе бидат спуштени со претставата „Црно злато“ од белградското Драмско позориште, која е праизведба на последната драма на Дејан Дуковски. Годинашното мото на фестивалот е „Храбриот нов театар“.