Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Возач на камион од Македонија загина во Хрватска

Возач на камион – државјанин на Македонија, загинал вчера во тешка сообраќајна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Возач на камион – државјанин на Македонија, загинал вчера во тешка сообраќајна несреќа на автопат во Хрватска, во подрачјето на општина Доњи Андријевци, јавија хрватските медиуми. Несреќата се случила нешто по 14 часот, кога камион излетал од патот, ја пробил централната метална заштитна ограда, удрил во два столба за улично осветлување и преминал на спротивната лента. По судирот избувнал пожар, а камионот целосно изгорел, заедно со возачот, кој останал заробен во него. На местото на настанот биле пронајдени регистарски таблички од Македонија. Пожарникарите имале сериозни тешкотии да се пробијат до запалениот камион поради густиот сообраќај. Хрватската полиција работи на утврдување на идентитетот на загинатиот возач и на причините за несреќата.