Реклама

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Свет

ЕУ предупредува на контрамерки ако САД ги зголемат царините за европските автомобили

Европската унија порача дека е подготвена за „секакво сценарио“, откако Доналд Трамп…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската унија порача дека е подготвена за „секакво сценарио“, откако Доналд Трамп најави можност за зголемување на царините за европските автомобили, додека Брисел предупредува на можен трговски судир со Вашингтон.

Европската унија е„ подготвена за секакво сценарио“ доколку претседателот на САД Доналд Трамп ги зголеми царините за европските автомобили, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Тврдејќи дека  Унијата не го почитува договорорт, Трамп се закани дека ќе ги зголеми царините за европските возила од 15 на 25 проценти.

Реклама

Според Фон дер Лајен, Унијата е во „завршна фаза“ на спроведување на трговскиот договор со САД, кој требаше да ги укине царините на низа американски производи и да ги намали царините на европските автомобили.

„Договорот е договор и ние го имаме. Неговата суштина е просперитет, заеднички правила и доверливост. Со овој договор сакаме да постигнеме взаемна корист, соработка и доверба. Подготвени сме за секакво сценарио“, изјави Урсула Фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија

Се обрати и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, кој рече дека 27-те земји-членки „целосно“ ја поддржуваат работата на Комисијата.

Зканата на Трамп се поврзува со коментарите што неодамна ги даде германскиот канцелар Мерц, кој рече дека Иран ги „понижил“ САД во војната. Германија е најголемиот прозводител на автомобили во Европа, и оттука би била прва на удар на евентуалното зголемување на царините за извоз во САД.

Брисел бара „јасност„ од Вашингтон за причината на заканата, нагласувајќи дека Унијата е  подготвена соодветно да одговори.