Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Прилози

Како да го зачуваме јазикот во време кога вештачката интелигенција е сè позастапена?

Во време кога вештачката интелигенција е сè поприсутна, треба правилно да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во време кога вештачката интелигенција е сè поприсутна, треба правилно да се избориме со предизвиците и да го зачуваме нашиот македонски јазик и нашата азбука. Според универзитетскиот професор Димитар Пандев, важно е да се најде средината меѓу јазикот на охридската книжевна школа и јазикот на вештачката интелигенција.

  • На оваа историска фреквенција, пред нас се отвораат две клучни прашања, едно рационално од областа на логиката и когнитивната лингвистика, тоест на начинот на функционирање на човековиот ум, а второ од историскиот развој на македонскиот јазик и образованието во Македонија – истакна универзитетскиот професор Димитар Пандев.

Македонскиот јазик не е дел само од наставната програма, туку тој е дел од сржта на образованието. Затоа треба да го чуваме и негуваме во услови на многу предизвици и искушенија.

  • 80 години од објавувањето на македонската граматика од Круме Кепески значат 80 години систематско осмислување на јазикот како темел на образованието, науката и културната самосвест – истакна пратеничката Иванка Василевска.

Пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска го истакна значењето на официјализирањето на македонскиот јазик и усвојувањето на македонската азбука на 16 април 2019 година.

Реклама
  • Оваа одлука претставува еден од најважните моменти во историјата на македонскиот народ, бидејќи со тоа македонскиот јазик добива статус на службен јазик во државата, а македонската азбука станува официјално писмо – истакна пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска.

Мисијата на првата граматика на Круме Кепески е исполнета, бидејќи со неа се образувале многу ученици и студенти, а со тоа и го негувале македонскиот јазик и азбука, е генералниот заклучок од одбележувањето на Денот на македонскиот јазик, 5 мај, во македонското Собрание.