Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Прилози

Доделена државната награда „Гоце Делчев“

Научното дело „Континуитетот на македонскиот јазик“ од проф. д-р Михајло Марковиќ и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Научното дело „Континуитетот на македонскиот јазик“ од проф. д-р Михајло Марковиќ и проф. д-р Соња Новотни ја доби државната награда „Гоце Делчев“ за 2026 година.

Ова научно дело ја продолжува традицијата со значаен и специфичен придонес во проучувањето на македонскиот јазик неколку векови наназад.

Добитниците се заблагодарија за честа за оваа значајна државна награда и истакнаа дека ова за нив не е само личен успех, туку и поттик и обврска да продолжат со уште поголема посветеност, одговорност и љубов кон она што го создаваат во областа на историјата на македонскиот јазик.

Реклама

„Македонскиот јазик преку ова дело ја покажува својата жилавост, уникатност и континуитет пренесуван низ вековите од непокорниот македонски народ. Ова признание не би било возможно без поддршката од многу луѓе“, изјави проф. д-р Соња Новотни.

Министерката Весна Јаневска истакна дека ова дело се вбројува меѓу оние дела кои анализираат клучни лингвистички прашања за македонскиот јазик и неговиот лексички фонд.

„Делото ја обработува врската помеѓу старите текстови и современиот македонски јазик, односно систематски ја документира неговата еволуција, ја анализира структурата и употребата и ја истакнува неговата улога како носител на културниот и националниот идентитет“, изјави Весна Јаневска, министер за образование.

Претседателот на одборот Живко Попов истакна дека ова дело низ едно опсежно истражување дава приказ на непрегледното богатство на македонскиот јазик.

„Значајноста на ова дело е и во трпеливата и високо стручно завршена работа од страна на авторите. Споредбата на над шестотина лексеми од различни временски периоди, од кои половината се предмет на обработка во овој прв дел од нивниот труд“, изјави Живко Попов, претседател на одборот.

Во контекст на значењето на наградата, во иднина ќе се предложи нова Национална програма за научно-истражувачка дејност, а ќе се зголеми и буџетот за финансирање на научно-истражувачки проекти од национален интерес.