Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Кривична пријава за ексградоначалникот на Струмица – не смеело да постои градба, а дозволиле реконструкција

СВР – Струмица до Основното јавно обвинителство – Струмица поднесе кривична пријава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СВР – Струмица до Основното јавно обвинителство – Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(36), С.Р.(38), М.Т.(42), С.О.(61) и Ѓ.М.(54), сите од Струмица, поради основано сомневање дека К.К., С.Р. и С.О. сториле кривичното дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в, М.Т. го сторила кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353, а Ѓ.М. сторил кривично дело „бесправно градење“ по член 244-а од Кривичниот законик, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Пријавената М.Т. во време на сторување на делото вработена како советник – урбанистички аналитичар во Сектор за урбанизам комунални работи и градежно земјиште при Општина Струмица, ги пречекорила границите на своите службени овластувања, така што постапувајќи спротивно од одредбите на Законот за градење и ограничувањето на деталниот урбанистички план, според кој на конкретната локација воопшто не била предвидена градба, изготвила одобрение за реконструкција. Ваквото нешто воопшто не можело да се смета за реконструкција од причина што предвидените градежни дејствија всушност претставувале нова градба. Истото било евидентно и во самиот основен проект доставен од подносителот во постапката, која постапка наместо да се води како постапка за реконструкција, истата имала елементи на спроведена и одобрена постапка за изградба на нов објект. Пријавената С.Р. во време на сторување на кривичното дело – раководител на Сектор за урбанизам комунални работи и градежно земјиште при Општина Струмица, постапила несовесно при вршењето на своите службени овластувања, пропуштила должен надзор во целата постапка и го одобрила предметното одобрение за реконструкција иако знаела, односно морала да знае, дека не се работи за реконструкција туку за изградба на сосема нов објект на место каде што согласно деталниот урбанистички план не е предвидена изградба на објект – пишува во соопштението.

Се додава дека првопријавениот К.К. во време на сторување на делото – градоначалник на општина Струмица, исто така, постапил несовесно при вршењето на своите службени овластувања, како што се наведува во соопштението, пропуштил должен надзор во постапката и притоа го потпишал изготвеното одобрение за реконструкција.

Реклама

– Пријавениот Ѓ.М. без да чека правосилно завршување на постапката по предметното барање за реконструкција, започнал со градба на сопствена одговорност и ризик, при што под изговорот за реконструкција на постоечки објект на парцела каде согласно ДУП не е предвидена градба изградил нов објект од втора категорија. Пријавената С.О. во време на сторување на кривичното дело во својство на овластен градежен инспектор при Општина Струмица во постапката која ја водела против Ѓ.М., наместо да констатира дека се работи за бесправно градење на градба од втора категорија, односно наместо да констатира кривично дело, кое се гони по службена должност, таа констатирала дека се работи за прекршок од Законот за градење, иако согласно документите кои ги извела како доказ во постапката на инспекцискиот надзор, можела и морала да знае, дека не се работи за реконструкција на постоечки објект, туку всушност се работи за изградба на сосема нов објект – се додава во соопштението.