Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Димитровски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Ерменија

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски денеска ги прими…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Ерменија во Македонија, со седиште во Софија, Цовинар Хамбарџумиан, информираат од МНРиНТ.

Посакувајќи ѝ успешна дипломатска мисија, заменик-министерот Димитровски изразил уверување дека за време на нејзиниот мандат ќе продолжи позитивниот тренд во развојот на билатералните односи и ќе се интензивира севкупната соработка меѓу двете земји.

– Во разговорот беше потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на економските односи преку зајакнување на активностите за развој на трговската и деловната соработка помеѓу двете земји, како и преку иницирање нови активности за поттикнување на соработката во областа на туризмот – се вели во соопштението од МНРиНТ. 

Реклама

Соговорниците изразиле и подготвеност за натамошно продлабочување на политичкиот дијалог преку организирање билатерални посети и редовни политички консултации помеѓу двете министерства за надворешни работи во наредниот период. 

На средбата биле разменети мислења и за актуелни прашања од меѓународен карактер.