Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

РСБСП со апел: Внимателно и одговорно зад воланот за време на продолжениот празничен викенд

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата по повод претстојниот празник…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата по повод претстојниот празник 1 Мај и продолжениот викенд упати апел за максимално почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот.

Во апелот се наведува дека претстојниот продожен викенд, по повод празникот 1 Мај, очекувано е да се користи за патување, излети во природа и дружење со семејството и пријателите. Оттаму додаваат дека дел од граѓаните ќе останат во своите домови, но некои граѓани ќе ја искористат оваа празнична можност да отпатуваат кон некој од многуте туристички центри или на прошетка во планина, покрај езеро и сл. РСБСП потсетува дека искуствата од минатите години покажуваат дека за време на празници, особено за време на продолжен викенд, многу често се случуваат сообраќајни незгоди со сериозни и фатални последици.

-Сообраќајот не е место каде што треба да се троши вишокот на адреналин. Последиците и загубите од сообраќајните незгоди се премногу сериозни, честопати фатални и ненадоместливи, за да може кој било да си дозволи неодговорно однесување во сообраќајот. Затоа, апелираме на етичност и одговорност, како и на максимално почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот – се наведува во апелот.

Реклама

РСБСП нагласува дека во сообраќајот нема мали и големи грешки, а секое неправилно однесување во сообраќајот може да заврши со сериозни последици.

-Бидете одговорни учесници во сообраќајот и на тој начин придонесете доброто празнично расположение да трае и после одбележувањето на празниците. Преземете мерки за ваша и сигурност на другите учесници во сообраќајот – нагласуваат од РСБСП.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до граѓаните:

-Возете одговорно и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација.

-Задолжително користете сигурносен појас.

-Не користете мобилен телефон, или друг уред со кој би Ви се одвлекло вниманието при управување со возило

-Не управувајте со моторно возило ако сте под дејство на алкохол.

-Почитувајте ги правилата за ограничување на брзината.

Планирајте го патувањето однапред и правете паузи за одморза време на патувањето.

-Бидете совесни и одговорни учесници во сообраќајот.

-Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ви посакува весел и безбеден продолжен празничен викенд. #ВОЗИОДГОВОРНО – Секој живот е важен! – се додава во апелот.