Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

„Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ – едукативна кампања на РСБСП

Тригодишно дете прегазено пред очите на мајката. Ученик прегазен на пешачки премин,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тригодишно дете прегазено пред очите на мајката. Ученик прегазен на пешачки премин, три деца во еден ден завршија во болница со тешки телесни повреди како резултат на сообраќајни несреќи кои се случија во Скопје и во Тетово. Сè повеќе вакви информации ги полнат полициските билтени, во кои жртви се деца. Ова го вклучи алармот кај надлежните за да стартува национална едукативна кампања „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ за поголема свесност при учеството во сообраќајот и кај возачите, но и кај децата. За оваа цел, денеска во Прилеп беше организиран и настан на кој беше прикажана едукативната детска претстава „Застани, погледни, па на пешачки премин премини“, која ја проследија над 600 ученици од основните училишта од Прилеп и Кривогаштани.

„Со оваа едукативна превентивна кампања сакаме да изразиме и да ја подигнеме сообраќајната свест и култура кај најмладите учесници во сообраќајот, а тоа се децата… сè со цел да не ни се случуваат несакани последици, а тоа се сообраќајни незгоди во кои би страдале тие, а тие се нешто највредното нешто што го имаме како општество“, изјави м-р Горан Ангеловски, претседател на РСБСП.

Според прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски, Општина Прилеп, следејќи ги напорите на Владата за ставање ред во сообраќајниот хаос, веќе е во координација со Техничкиот факултет од Битола за поцелисходни сообраќајни решенија на повеќе критични точки во градот, за што се прават и дронски снимки на неколку најфреквентни крстосници, со цел тие да станат побезбедни за сите учесници во сообраќајот.

Реклама

„Очекувам дека во 2027 година и Прилеп ќе стане безбеден град со воведување на системите ‘Сејф сити’, кои што во моментов ги има во неколку градови низ РМ. Многу сум горд што во Прилеп, токму со најмладите почнуваме кампања за нивна едукација. Следна активност е за матурантите, кои што треба подетално да бидат воведени во безбедноста. Следат матурските вечери и треба навистина да се погрижиме за нивната општа безбедност, а посебно движењето во сообраќајот, управувањето со моторни возила и вкупно со сите возила со кои што учествуваме во сообраќај“, рече Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Инаку, лани во земјава се случиле 8.183 сообраќајни незгоди, а животот го загубиле 132 лица. Меѓу нив имало и деца.