Реклама

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Македонија

Обвинителството со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка

Јавното обвинителство во врска со случајот со физичката пресметка пред угостителски објект…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавното обвинителство во врска со случајот со физичката пресметка пред угостителски објект во четвртокот на 23 април во Скопје информира дека е покрената истражна постапка против осомничениот 25-годишник кој со нож нанел убодни рани на друго лице. 

Меѓу двајцата првично имало кратка вербална расправија во угостителскиот објект која прераснала во физичка пресметка по што повредениот го нападнал осомничениот кој извадил нож и му задал убодни рани во градниот кош, грбот и стомакот.

– Осомничениот 25-годишник, на 23 април по полноќ, со умисла се обидел да лиши од живот друго лице пред угостителски објект. Кратка вербална расправија во угостителскиот објект прераснала во физичка пресметка меѓу нив. Оштетениот го нападнал осомничениот и во тој момент осомничениот извадил нож и му задал неколку убоди на оштетениот во градниот кош, грбот и стомакот, нанесувајќи му убодни рани. По укажана лекарска помош, оштетениот е пуштен на домашно лекување, информира Јавното обвинителство.

Реклама

Осомничниот се товари за кривично дело обид за убиство.